Браната Кнежево се полни со чиста вода за пиење

Bez autora
May 25 2011

Реализирана е првата фаза од изградба на хидросистемот Злетовица, наменета за искористување на водите од сливот на реката Злетовица. Се работи за проект вреден 70 милиони евра, кој е најголема капитална инвестиција во енергетскиот сектор во земјава во изминативе 4 години. Со искористување на водите од сливот на реката Злетовица ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од овој регион. Во моментов градежната механизација на скопски Бетон работи на полнење на браната Кнежево. Деновиве преземени се сите потребни активности за трајно полнење на браната. Висината на каменонасипната брана кај Кнежево е 75 метри со должина на круната 300 метри. Според проектот предвидено е браната да акумулира 23,5 милиони кубни метри вода, а акумулацијата е долга 4 километри.

Браната Кнежево се полни со чиста вода за пиењеРеализирана е првата фаза од изградба на хидросистемот Злетовица, наменета за искористување на водите од сливот на реката Злетовица.

Се работи за проект вреден 70 милиони евра, кој е најголема капитална инвестиција во енергетскиот сектор во земјава во изминативе 4 години. Со искористување на водите од сливот на реката Злетовица ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од овој регион.

Во моментов градежната механизација на скопски Бетон работи на полнење на браната Кнежево. Стојан Миланов, директор на Јавното претпријатие "Хидросистем Злетовица" потврдува дека деновиве преземени се сите потребни активности за трајно полнење на браната.

Висината на каменонасипната брана кај Кнежево е 75 метри со должина на круната 300 метри.

Според проектот предвидено е браната да акумулира 23,5 милиони кубни метри вода, а акумулацијата е долга 4 километри. Има и пристапен пат од Злетово до браната Кнежево во должина од 20 километри. Изградени се и доводни цевководи за водоснабдување на општините и тоа за Кратово во должина од 22,14 километри кој што е целосно во функција. Ставен во функција е и заедничкиот цевковод за Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово во должина од 23,17 километри.

Општина Свети Николе веќе ја користи водата за пиење од овој хидросистем од каде се испорачуваат околу 70 литри вода во секунда. Водата од Злетовица според добиените резултати од Заводот за здравствена заштита е хемиски и бактериолошки исправна.

Податоците од теренот говорат дека непречено течат подготовките за втората фаза за доизградба на водоводната мрежа во должина од 75 километри, како и изградба на асфалтен пат во должина од 25 километри. Реализацијата, пак, на третата фаза, треба да вклучи изградба на седум мини-хидроцентрали.

Се работи за повеќенаменски проект, каде покрај користењето на вода за пиење, ќе се изгради и сложена мрежа за наводнување во должина од 75 километри. Токму затоа овој проект зазема централно место во Манифестот за реформи и развој на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2011 до 2015 година.

Мрежата на хидросистемот Злетовица ќе биде поделена во три зони за да има можност и за наводнување. Се работи за Долна зона наменета за општината Пробиштип со 1.500 хектари за наводнување, потоа Горна зона за општината Пробиштип со 2.000 хектари, исто така за наводнување.

Дел од втората фаза ќе биде и потсистем Кратово со изградба на три мали брани за наводнување на капацитет од 1.070 хектари.

Вредноста на оваа фаза е 43 милиони евра и ќе биде реализирана до 2015 година.

Веднаш потоа, како што е нагласено во Манифестот, ќе следи реализацијата на третата фаза на хидросистемот Злетовица, со која, во рамките на системот, ќе се изградат уште шест мали хидроцентрали во вкупна инсталирана моќност од 9.5 мегавати и планирано годишно производство од 38 гигават-часови. Последната фаза е вредна 20 милиони евра, а предвидено е да почне да се реализира од 2015 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik